Одржлива средина и ефективен развој за младите

Одржлива средина и ефективен развој за младите

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Наслов: “Sustainable Environment and Efficient Development for youth - SEED4Youth” (Одржлива средина и ефективен развој за младите)

Финансиска поддршка: Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност преку Европски Солидарен Корпус, солидарен проект со регистарски број 2021-2-MK01-ESC30-SOL-000039077

Времетраење: 01 април 2022 – 31 октомври 2022

Цели:

Општа цел:

Зголемена свест и граѓанско учество на младите во демократскиот живот во општина Прилеп.

Специфични цели на проектот поврзани со програмата:

  • обезбедување на можности на младите да се вклучат во активности на пет различни теми, преку кои волонтерите на СЕГА и локалните млади би биле мост помеѓу предизвиците и развојот на заедницата;
  • подигање на свеста кај локалното население за важноста на учеството на младите во демократскиот живот и процеси, промоција на Европските вредности, мотивирање на локалната заедница да стане подобро информирана и дигитално подготвена со што би придонело за превенција од пандемијата;
  • адресирање на потребите и клучните предизвици во нашата заедница преку спроведените активности со младите, како и промовирање на истите преку Позициски документ на завршниот настан со млади и локални донесувачи на одлуки во заедницата.

Целни групи: 

  • млади од општина Прилеп на возраст од 13 до 30 години;
  • претставници на локални носители на одлуки (Општина Прилеп).

Крајни корисници:

  • најмалку 140 млади од Прилеп директно вклучени во активностите;
  • повеќе од 2000 локални млади и граѓани опфатени преку онлајн активностите;
  • најмалку 40 учесници опфатени со завршен настан;
  • поширока јавност на ниво на Општина Прилеп;

Активности: 

  • вклучување на локалните млади во 5 различни теми, преку 4 едукативни работилници и 1 еколошка акција;
  • подигнување на свеста на локалната заедница преку онлајн активности од младите;
  • креирање на Позициски документ;
  • завршен настан за промовирање на Позицискиот документ.

Очекувани резултати: 

  • Позициски документ креиран од локалните млади со јасно дефинирани препораки, произлезени од адресираните потреби од спроведените активности со младите, кој ќе биде презентиран на завршен настан;
  • Прирачник со најдобри практики.

 

ПОЗИЦИСКИ ДОКУМЕНТ

Е-ДОКУМЕНТ СО НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ

ЛИНК ДО ФЕЈСБУК ПРОФИЛ

Date

01 April 2022

Tags

Младинско учество