„Моја кариера Наша игра”

„Моја кариера Наша игра”

(“My Career, Our Game”)

Период: 01.06.2020 - 31.05.2022

Референтен број: 2020-1-PL01-KA205-081121

Во рамки на проектот „Моја кариера, наша игра”, конзорциум на партнери од Македонија, Португалија и Полска со различен профил (национална коалиција на младински организации, универзитет и здружение) ќе работат на развивање на иновативна методологија за рано кариерно насочување преку гејмификацијата како младински пријателски пристап за превенција на NEET. Учењето од различните искуства од европските земји ќе биде од клучно значење за испорачување на иновативни резултати од проектот.

Целта на проектот е: Да се зајакне квалитетот на младинската работа во превенција на NEET во Европа.

Преку проектот партнерите ќе се стремат да ја постигнат специфичната цел на проектот за Воведување на иновативна методологија за рано кариерно насочување како одржлива алатка за спречување на младите луѓе да станат NEET.

Бидејќи целта на проектот е да се воведе иновативна методологија за рано кариерно насочување како одржлива алатка за превенција на младите луѓе да станат NEET, овој проект ќе даде значителен придонес во развојот на иновативниот пристап во раното кариерно насочување во корист на превенцијата на NEET. Иновацијата е што овој проект ќе ги обедини искуствата од рано кариерно насочување во неформалното и формалното образование и ќе ги поврзи при давање препораки за позитивни и иновативни пристапи во дефинирањето на методологијата за рано кариерно насочување за превенција на младите да станат NEETs. Истражувањето ќе покаже различни перспективи и пристапи за рано кариерно насочување низ Европа, како во формалното така и во неформално образование, и ќе обезбеди корисни препораки не само за партнерските организации, туку и за сите практичари и младински работници кои и понатаму ќе работат на превенција на NEET користејќи методи на рано кариерно насочување. Со анализата истражувачите треба да дадат препораки за дефинирање на методологија која ќе биде применлива и во формалното и во неформалното образование, која ќе биде ефикасна и ефективна, и која ќе може лесно да се прилагоди од страна на сите заинтересирани и засегнати.

Партнерите ќе имаат предизвик да ги применат препораките развиени со првиот интелектуален резултат во пракса и потоа да развијат уникатна методологија за рано кариерно насочување, лесно прилагодлива и употрблива од страна на образовните институции, од професионалните практичари и од младинските работници. Покрај тоа, партнерите заеднички ќе работат во насока на гејмификација на самата методологија и развивање на младински пријателски игри кои ќе ги насочат младите во нивниот развој на кариерата и подобрување на нивната вработливост со помалку физички контакт со младинските работници и практичарите. Оваа иновативна методологија ќе биде пилотирана во Македонија преку младинските информативни и советодавни центри, во Португалија со студентите на Универзитетот Авеиро и во Полска со млади луѓе преку младинското информирање на Здружението Едукација преку Интернет - Еуродеск точка во Киелце. Со цел осигурување дека оваа методологија е соодветна на потребите и барањата на младите, процесот ќе се комбинира со краткорочна комбинирана мобилност во која ќе учествуваат млади луѓе со социјални и економски пречки. Ќе се организираат три мултипликативни настани (конференции) со цел да се дисеминираат резултатите и исходите од проектот. Преку успешна имплементација, проектот ќе придонесе за унапредување на развојот на кариера кај младите во ризик да станат NEET ситуација преку пилотирање на нова иновативна и заедничка методологија за рано кариерно насочување преку гејмификација во Македонија, Португалија и Полска. Практичната имплементација на новата иновативна методологија за рано кариерно насочување како механизам за превенција од NEET, ќе влијае на соработката и комуникацијата помеѓу младите луѓе, младинските работници и универзитетски професори кои работат на терен и/или со млади а со тоа и за намалување на стапката на младинска невработеност на долг рок.

Влијанието на проектните активности и резултати ќе обезбеди иновативен и младински пријателски пристап во кариерното насочување на младите во нивната транзиција од образование кон вработување што води кон одржливост на акцијата. Се очекува голем број од организациите членки на ERYICA и Eurodesk да ја мултиплицираат предложената методологија за превенција на NEET, што дополнително ќе придонесе за одржливост на акцијата.

На ниво на политики, континуираното лобирање и застапување за активни мерки за рана превенција на NEET ќе влијае на зголемување на бројот на корисници на активни владини мерки за вработување кои се однесуваат на потребите на младите во ризик да станат NEET.

Date

22 June 2020

Tags

Младинско Вработување