Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во областа на младинска работа

Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во областа на младинска работа

Коалиција на младински организации СЕГА започна да го спроведува проектот „Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во областа на младинска работа".


Основна цел на проектот е да се зајакнат на капацитетите на младинските организации кои делуваат на територијата на општина Гази Баба за младинска работа. Проектот преку градење на капацитетите на младинските работници ќе придонесе кон подобрување на благосостојбата на младите во согласност со европските трендови и практики. Со проектот ќе се придонесе кон развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на граѓаните во Република Северна Македонија.

Преку процес на обука ќе бидат зајакнати капацитетите на младите претставници од младинските организации кои делуваат на подрачјето на општина Гази Баба за младинска работа и  нивниот прв чекор да станат младински работник. Со проектот ќе се оствари соработка со организации кои делуваат на подрачјето на општина Гази Баба во полето на младинската работа и преку самите активности ќе се зајакнат капацитетите на самите организации за работа со млади. Дополнително со проектните активности ќе се придонесе во процесот на зголемување на препознатливоста на младинската работа на локално и национално ниво.

Проектот „Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во областа на младинска работа" ќе се имплементира во времетраење од 5 месеци и истиот е финансиски поддржан од Општина Гази Баба.

Date

01 July 2022

Tags

Младинска работа