Промоција на Безбедна Училишна Средина

Промоција на Безбедна Училишна Средина

Донатор на проектот:

Детска фондација Песталоци

Носител на проектот:

Коалиција на младински организации СЕГА

Проектни партнери:

Македонски центар за граѓанско образование

Прва детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“

СМАРТ АП - Лабораторија за социјални иновации

Соработници на проектот:

Министерство за образование и наука

Биро за развој на образованието

Државен просветен инспекторат

Период на спроведување:

01 Септември 2023 – 31 август 2026 година

Буџет на проектот:

55.366.705,00 МКД

Цел на проектот:

„Придонес кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина во рамките на 26 основни и 24 средни училишта“.

Очекувани резултати:
  1. Подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата
  2. Зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство
  3. Примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички
Целни групи на проектот:
  • Ученици во основно и средно образование, со фокус на ученички парламенти и ученички правобранители
  • Претставници на основни и средни училишта (директори, стручни соработници, наставници)
  • Родители и Совети на родители
  • Претставници на Педагошки факултети (професори и студенти)
  • Претставници на единици на локални самоуправи
Главни активности:
  • Унапредување на ученичкото учество во образованието, преку поддршка на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието
  • Поддршка Државниот просветен инспекторат при унапредување на процесот на евалуација на основните и средните училишта во полето на ученичкото учество и заштита од насилство врз децата
  • Јакнење на капацитетите на ученичките парламенти и ученичките правобранители за заштита и превенција од насилство врз деца во проектните училишта преку менторство и поддршка на ученички проекти
  • Креирање јадро на врснички едукатори и спроведување на врсничка едукација за препознавање, превенција и заштита од насилство
  • Организирање вебинари за воспитно-образовниот и раководниот кадар на основните и средните училишта, како и претставници од Локалните Самоуправи
  • Онлајн тренинг курсеви за наставници и стручни соработници за превенција и справување со насилство врз деца, вклучувајќи употреба на дигитални алатки во наставата преку ЕДУИНО платформата
  • Развивање дигитална база со едукативни ресурси за ученичко учество и заштита од насилство врз деца преку ЕДУИНО платформа наменета за ученици и воспитно-образовен кадар
  • Поддршка на училиштата во развивање и примена на Политика за заштита на деца во согласност со позитивната законска регулатива
  • Развој на дигитални едукативни ресурси за воспитно-образовниот кадар достапни преку ЕДУИНО
  • Спроведување на кампањи против насилство врз децата вклучувајќи ученици и родители
  • Јакнење на улогата на родителите во борба против насилството врз децата преку подготовка на Водич за улогата на родителите во превенција и спречување на насилство во училиштата и фасилитација на тематски состаноци
  • Подобрување на наставните програми при Педагошките факултети преку воведување на содржини за креирање позитивна клима во училиштата и поддршка на практична примена на студентите во наставниот процес
  • Интеркултурни размени за ученици и наставен кадар во Детското Село Песталоци, во Троген – Швајцарија.
Листа на проектни училишта 2023 - 2026

Основни училишта:

  1. ООУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром, Скопје
  2. ООУ „Војдан Чернодрински“ – Карпош, Скопје
  3. ООУ „Браќа Миладиновци“ – Илинден, Скопје
  4. ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ – Гостивар
  5. ООУ „Лирија“ – Тетово
  6. ООУ „Св. Климент Охридски“ – Македонски Брод
  7. ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп
  8. ООУ „Никола Карев“ – Крушево
  9. ООУ „Гоце Делчев“ – Неготино
  10. ООУ „Тошо Арсов“ – Штип
  11. ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово, Валандово
  12. ООУ „Гоце Делчев“ – Конче
  13. ООУ „Магдалена Антова“ – Куманово

Средни училишта:

  1. СУГС „Георги Димитров“ – Карпош, Скопје
  2. СУГС „Браќа Миладиновци“ – Кисела Вода, Скопје
  3. СОУ „Гостивар“ – Гостивар
  4. СОУ „28 Ноември“ – Дебар
  5. СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ – Прилеп
  6. СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп
  7. СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
  8. СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес
  9. СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани
  10. СОУ „Методи Митевски Брицо“ – Делчево
  11. СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово
  12. ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово

 

Date

20 September 2024

Tags

Младинско учество