Ефективноста на политиките на пазарот на трудот врз младите во Република Северна Македонија

Ефективноста на политиките на пазарот на трудот врз младите во Република Северна Македонија

Вработувањето на младите се уште претставува предизвик во политиките кои ги спроведува Владата на Република Северна Македонија


имајќи ја во предвид релативно високата стапка на невработеност. Општо земено повеќе детерминанти се причина за високата стапка на невработеност на младите: долг временски период за премин од училиште на работа, неусогласеноста помеѓу образовните исходи на младите лица од формалниот систем на образование со реалните потреби на пазарот на трудот, недоволна и несоодветна понуда на работни места во однос на расположливата работна сила со соодветни стекнати квалификации, високо учество во неформалната економија, несигурни работни места и најновата специфична состојба во негативна смисла предизвикана од пандемијата на Ковид 19 кризата во која се најде и онака високо сензитивниот пазар на труд.

Во контекст на оваа анализа, фокусот ќе биде на вработување на младите, на постојните политики и мерки кои се спроведуваат за вработување на младите, нивна ефективност во услови на пандемија. Исто така, предмет на анализа ќе бидат и политиките за вработување на социјално ранливи категории (Роми и други маргинализирани групи) и ефективноста од нивно спроведување.

При спроведување на анализата на политики за вработување релевантни за младите  и нивната ефективност како и за Ромите и други маргинализирани групи вклучува преглед  на националните политики и мерки за вработување релевантни за потребите на младите. Методолошките алатки за прибирање на податоците се следните: Прибирање на секундарни податоци и информации од стратешки документи и извештаи, соопштенија, публикации и анализи од Државниот завод за статистика, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика како и останати чинители релевантни за темата. Исто така, при спроведување на анализата земени се во предвид и политиките и мерките за вработување, спроведени во некои од земјите од Европската Унија.

ИСТРАЖУВАЊЕ

 

Date

28 June 2021

Tags

Истражувачки извештаи