Прирачник за Дигитално учество и активно граѓанство DigiPAC

Прирачник за Дигитално учество и активно граѓанство DigiPAC

Прирачникот за Дигитално учество и активно граѓанство DigiPAC, беше развиен во рамките на проектот ACTIon, од страна на координаторот на проектот - Nexus, Германски институт за социјални истражувања кој е специјализиран за учество на граѓаните.

Основната цел на програмата е да им помогне на младите луѓе, но целта на прирачникот е да им овозможи на обучувачите од образовните средини да ја имплементираат програмата и на тој начин да преземат чекори за учество. DigiPAC е наменет за млади лица на возраст од 14 до 25 години. Содржи три посебни модули, од кои секој модул содржи 4-6 посебни активности. Активностите пренесуваат различни дигитални и демократски компетенции. Секој од модулите има поинаков фокус и се надоврзува на претходните учења:

Модулот А има за цел да ги запознае учесниците со програмата за обука, основните правила и да ги истражи општите теми за битието и интеракцијата на интернет.

Модулот Б има за цел да го продлабочи разбирањето на учесниците за дигиталното граѓанство, демократијата и основните граѓански принципи.

Модулот В има за цел да ги запознае учесниците со темата за дигитално младинско учество и да презентира алатки за активно самоорганизирано е-учество на врсници.

Прирачникот DigiPAC служи како упатство за имплементација на програмата што е лесен за употреба и е наменет за професионалци кои сакаат да имплементираат активности со група млади.

Прирачникот може да се симне на следниот линк -> DigiPAC Handbook

Date

27 July 2022

Tags

Прирачници, Младинско учество