ПРИРАЧНИК ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КИБЕРНАСИЛСТВО

ПРИРАЧНИК ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КИБЕРНАСИЛСТВО

ПРИРАЧНИК ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КИБЕРНАСИЛСТВО

Прирачникот за справување со кибернасилство e директно наменет за претставници на граѓанските организации, а индиректно наменет за деца, адолесценти, родители и сите возрасни што се грижат за младите и кои се залагаат да ја заслужат довербата на младите. Во прирачникот ќе забележите употреба на родово сензитивен јазик. Потсетуваме дека девојчињата се повеќе изложени на ризик од кибернасилство, бидејќи полот е фактор на ризик за секаков вид насилство.

Целата содржина на прирачникот нè учи за тоа што е соодветна онлајн содржина, одговорно онлајн однесување и позитивна онлајн комуникација, а особено за чувствата што се јавуваат кога еден човек или повеќе луѓе ќе повредат некого. Посебно внимание се посветува на улогата на набљудувачот(ите) во насилна ситуација и на нивната одговорност. Во прирачникот ве очекуваат голем број корисни информации и сигурни извори за помош. Знаењето и практичните вештини се вашите алатки за спречување или запирање на кибернасилството. Постојаното говорење против насилството придонесува за побезбедно училиште, побезбедно семејство и побезбедна локална заедница.

Нашата цел е преку овој прирачник да ги поттикнеме децата, младите и возрасните да истражуваат, да учат и да ги користат придобивките од една важна културна алатка, како што е интернет на безбеден начин. Нашата цел е и да ги зајакнеме компетенциите на децата и младите (нивната дигитална писменост) за:

• безбедно и правилно користење на дигиталната технологија и интернетот;

• заштита на онлајн приватноста;

• разбирање што е штетна содржина и кои се нејзините негативни последици;

• соодветен одговор кога ќе се соочат со насилство преку дигиталните медиуми; 

• начините и механизмите за пријавување штетна содржина и на оние што вршат насилство.

Прирачникот е изработен во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, a имплементиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Северна Македонија, Волонтерскиот центар - Скопје и Здружението „Женски форум“ - Тетово.

Оваа публикација е подготвена со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на авторот и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.

 

ПРИРАЧНИК

Date

25 September 2024

Tags

Прирачници