Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Овој прирачник за вмрежување на граѓански организации претставува алатка што ќе им помогне на граѓанските организации да се обединат и соработуваат на ефикасен начин. Прирачникот ги објаснува значењето и целите на мрежите, како и начините на нивно формирање, управување и одржливост. Преку неколку делови, се разгледуваат различните аспекти на мрежите на граѓански организации, вклучувајќи ја нивната структура, видовите мрежи, начините на комуникација и промоција, како и стратегиите за нивната одржливост. Покрај тоа, прирачникот претставува позитивни примери и добри практики од локалните мрежи на граѓански организации во Република Северна Македонија, како и извори на литература што се користени за изработка на содржината. Во прирачникот е вклучен прилог кој ги објаснува елементите потребни за формирање мрежи на граѓански организации.
Овој прирачник има за цел да обезбеди практични насоки и совети за оние кои се вклучени или заинтересирани за работата и управувањето со мрежи на граѓански организации.
Прирачникот за вмрежување граѓански организации на локално ниво е изработен во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, а реализиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Северна Македонија, Волонтерскиот центар - Скопје и Здружението „Женски форум“ - Тетово. Проектот има за цел да го подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество.