Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Локалната стратегија за млади на општина Кисела Вода е повеќе од важен документ за младите во општина Кисела Вода. Таа ги поставува основните принципи и насоки за акција на сите чинители во општината што ќе води кон подобрување на социо-економската положба на младите во Кисела Вода и кон создавање на средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите права, потреби и интереси. Преку имплементацијата на стратегијата, младите во општина Кисела Вода ќе учествуваат во креирањето и спроведувањето на политиките кои директно ги засегаат, преку еднакви можности, слобода на изразување, зголемување на квалитетот на живот, повеќе и поквалитетни работни места.
Стратегијата за млади на Општина Кисела Вода 2023 – 2027 година, беше подготвена во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Подготовката на оваа стратегија беше поддржана во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово. При процесот на креирање на стратегијата, експертска поддршка обезбеди консултантската компанија „Стратешки Менаџмент Системи“.