Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Коалицијата на младински организации СЕГА од 1 јануари 2010 година започна да го имплементира проектот Креирање на локални младински стратегии. Проектот се имплементира во 10 општини во Република Македонија: Илинден, Кисела Вода, Кавадарци, Битола, Прилеп, Гевгелија, Тетово, Свети Николе, Штип и Радовиш.
Проектот започна со формирање на работна група која ја сочинуваат претставници од Здружение на граѓани Зона – Кавадарци, студенти и ученици, Младинска организација Креактив – Кавадарци, Црвен Крст – Кавадарци, претставници од полициска станица Кавадарци координативно тело го сочинуваат претставници од ЗГ ЗОНА, Црвен Крст – Кавадарци, Советник во Совет на Општина Кавадарци и претставници од Општина Кавадарци. Приоритетите се одредија на фокус групата, за подоцна да се спроведе анкета со младите со цел да се добијат реални сознанија за состојбата и потребите на младите во општината.