Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Агенција за млади и спорт и Коалиција на младински организации СЕГА од 01 март 2011 година започнаа да го имплементираат проектот „Креирање на локални младински стратегии“. Проектот се имплементираше во период од 8 месеци во 3 општини во Република Македонија (Неготино, Велес и Дебар), а е финансиран од Програмата CIVICA Mobilitas која ја спроведува Центарот за институционален развој, 3-те горенаведени општини и Коалиција на младински организации СЕГА.
Целта на проектот “Креирање на локални младински стратегии“ е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локални младински стратегии.