Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Коалицијата на младински организации СЕГА од 1 јануари 2010 година започна да го имплементира проектот Креирање на локални младински стратегии. Проектот се имплементира во 10 општини во Република Македонија: Илинден, Кисела Вода, Кавадарци, Битола, Прилеп, Гевгелија, Тетово, Свети Николе, Штип и Радовиш.
Во Свети Николе, проектот започна со формирање на работна група која ја сочинуваат претставници од Здружение на граѓани Демократија- Свети Николе, претставници на општината, студенти и ученици, претставници од Центарот за социјални грижи, претставници од Агенцијата за вработување, претставници од полициска станица Свети Николе, претставници на подмладоци на политичките партии, додека координативното тело го сочинуваат два члена од ЗГ ДЕМОКРАТИЈА, еден член од фонд за пензиско инвалидно осигурување, еден Советник во СО Свети Николе и еден член претставник од Општина Свети Николе.