ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Eдна од најважните обврски на секое општество е градење на систем во кој ќе бидат интегрирани младите лица како и создавање на механизми за искористување на нивниот иновациски и креативен капацитет. Младите лица се енергетскиот импулс на секое општество и имаат суштинска општествена улога бидејќи преку нивната вклученост во креирањето и имплементирањето на јавни политики се обезбедува континуиран економски и социјален развој на заедницата. Имајќи ја во предвид комплексноста на предизвикот за градење општество на млади и за млади, Општина Битола го отпочна процесот на стратешко планирање за нивна интензивна интеграција во локалната заедница во наредните 5 години. Конкретно, со нивно вклучување во изработката на Стратегијата за млади на Општина Битола, младите директно учествуваа во креирањето на локални политики.

Стратегијата за млади на Општина Битола 2023 – 2027 година, беше подготвена во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Подготовката на оваа стратегија беше поддржана во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово. При процесот на креирање на стратегијата, експертска поддршка обезбеди консултантската компанија „Стратешки Менаџмент Системи“.

ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА

Date

25 September 2024

Tags

Публикации