Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Наслов: Креирање на кариерна патека во согласност со пазарот на труд
Финансиска поддршка: Генерален секретаријат Влада на Република Северна Македонија
Времетраење: 01 август 2021 година – 31 декември 2021 година
Цел: Зајакнати капацитети на основните училишта, центрите за социјална работа и граѓанските организации за кариерно насочување и советување на младите согласно локалниот пазар на труд.
Целни групи:
Примарната целна група на проектот се младинските организации и организациите кои работат со млади, претставници на стручна служба од основни училишта и на Центри за социјална работа од 4 општини (Прилеп, Битола, Штип, и Скопје ).
Крајни корисници на проектот се младите на возраст од 15 – 29 години кои живеат во Р.С. Македонија.
Активности: Проектот предвидува методологија која опфаќа три клучни сегменти во насока на зајакнување на вработливоста на младите во ризик кон нивно ефикасно учество на пазарот на трудот. Преку проектот СЕГА идентификува и ќе работи на градење на капацитетите за кариерно насочување и советување согласно најдобрите практики и искуства од работа на полето. Подготвената методологија од најдобри искуства и практики од претходно спроведени активности и долгогодишното искуство на СЕГА ќе претсавува ресурс за Центрите за социјална работа, основните училишта и граѓанските организации во своето работење со млади и избор на соодветна кариера согласно побарувачката на пазарот на труд.
Очекувани резултати: