Електронското учество води кон еко-акција

Електронското учество води кон еко-акција

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Наслов: “An e-participation leads to eco-action implementation” („Електронското учество води кон еко-акција”)

Финансиска поддршка: Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност преку Европски солидарен корпус проект со регистарски број 2021-1-MK01-ESC30-SOL-000036672

Времетраење: 30 декември 2021 година – 29 декември 2022 година

Цели:

Општа цел:

Да се подобрат дигиталните вештини на младите луѓе, да се подобри нивното искуство и да се вгради чувство на одговорност и посветеност во однос на еколошкото подобрување.

Специфични цели на проектот поврзани со програмата на Европски солидарен корпус:

  • Промоција на еколошки одржливо и одговорно однесување, подигајќи ја свеста за важноста на дејствување за намалување или компензирање на еколошкиот лош отпечаток во општеството,
  • Промоција на волонтерството преку многу еколошки акции со грижа за животната средина,
  • Поттикнување на активно учество на младите луѓе, да размислуваат за вредностите на зголемено учество како и за солидарноста, различноста, вниманието, толеранцијата и почитувањето на средината во која живеат.

Целни групи: 

  • локални волонтери на СЕГА
  • млади на возраст од 15 до 30 години на локално ниво
  • локални граѓани

Крајни корисници:

  • млади на локално ниво директно вклучени во активностите
  • поширока јавност на локално ниво

Активности: 

  • Фокус групи со млади
  • Промоција на потребите на младите на електронска платформа (opin.me)
  • Кампања за подигнување на свест за заштита на животната средина и електронското учество
  • Едукативни и креативни работилници со млади
  • Еколошки акции

Очекувани резултати: 

  • Документ со младински иницијативи со цел подобрување на животната средина на заедницата
  • Еколошки подобрена животна средина на локално ниво

 

Date

04 January 2022

Tags

Младински Активизам