Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Во изминатиот период, доста беше потенцирана ситуацијата со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, почетоците, влијанието, како и последиците. Додека имаме уште многу повеќе да учиме, сепак мора да ги имаме во предвид ризиците и да преземеме акција со цел да ги поддржиме оние кои беа меѓу најпогодената категорија, младите кои сега се познати како “lockdown generation”. Без релевантни информации за нивните потреби и нивна стабилна вработливост, како и квалитетни решенија, се зголемува ризикот за нивна социјална исклученост. Во тој ризик ја имаме и нивната идна вработливост како и нивните вештини кои треба да бидат релевантни на потребите на пазарот на трудот.
За да се пресретнат ваквите состојби Коалиција на младински организации СЕГА го спроведе проектот „Подобрување на активните мерки за младинско вработување“ кој се спроведува во рамки на Еразмус+ програмата, „Клучна Акција 3 - Структурен дијалог и донесувачи на одлуки“. Проектот се фокусираше на темата младинска невработеност и подобрување на политиките и мерките за вработување на младите во услови на пандемија, а со посебен фокус на маргинализираните групи на млади. Во рамки на проектот беа реализирани локални дискусии на тема „Придонес кон зајакнување на мерките за младинско вработување“ во 11 општини (Прилеп, Новаци, Штип, Охрид, Кочани, Свети Николе, Тетово, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Бутел) каде што младите дискутираа за потребните интервенции за поголема ефикасност при спроведување на политиките за младинска вработеност, спроведени во текот на мај 2021 година. Последователно на тоа беше организирана и четиридневна Национална работилница каде што беше применет методот на Структурен дијалог каде што заедно дискутираа млади и донесувачи на одлуки, претставници на домашни и меѓународни институции и организации. Резултат од целиот процес е овој Позициски документ кој содржи препораки за подобрување на мерките за младинско вработување.