Почетна студија за младински трендови во РС Македонија

Почетна студија за младински трендови во РС Македонија

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ има за цел да придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики.

Проектот е финансиран од Делегација на ЕУ и се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА како водечки партнер, во партнерство со СОС Детско Село, Женски Форум Тетово, и Волонтерски Центар Скопје.

Проектот има за цел да го подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество за чие остварување, меѓу другото, проектот спроведе Почетна студија за младински трендови во РС Македонија, чија главна цел е да се утврди моменталната состојба на младинските трендови во однос на ставовите на младите луѓе, граѓанските организации кои работат со млади и релевантните институции во однос на квалитетот на младинската политика на различни нивоа (согласно приоритети и теми на Националната стратегија за млади 2016-2025).

Почетната студија ќе се користи како ресурс за проектни интервенции како и за мерење на напредокот на проектот.

ПОЧЕТНА СТУДИЈА ЗА МЛАДИНСКИ ТРЕНДОВИ - МКД 

ПОЧЕТНА СТУДИЈА ЗА МЛАДИНСКИ ТРЕНДОВИ - АЛБ

Date

03 February 2022

Tags

Истражувачки извештаи