Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Oпштина Гостивар во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА спроведе процес на креирање на Стратегија за млади на Општина Гостивар за период 2024-2028 година, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики (ЗМУМП). Подготовката на оваа стратегија е поддржана во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и оддржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и и Женски Форум Тетово.
Општина Гостивар беше избрана како една од четирите општини каде ќе се поддржи креирање на стратегии за млади, заедно со општина Битола, Општина Карпош и Општина Кисела Вода.
При процесот на креирање на стратегијата експертската поддршка ја обезбеди консултантската компанија „Стратешки Менаџмент Системи“.