Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
0д 01 јануари 2010 година Коалиција СЕГА започна да го спроведува проектот „Креирање на локални младински стратегии“. Проектот е финансиран од Агенција за млади и спорт, програмата „CIVICA Mobilitas“ (во имплементација на Центарот за Институционален Развој, а финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка), 10 општини во Република Македонија (Илинден, Кисела Вода, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Штип, Свети Николе и Радовиш) и Коалиција СЕГА.
Целта на проектот е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на локални младински стратегии.
Проектот опфаќа активности за воспоставување структура за подготовка на локалните младински стратегии, како и истражувачки активности за утврдување на потребите на младите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалните младински стратегии. Станува збор за петгодишни стратегии во кои ќе се лоцираат клучните приоритети за младите луѓе во секоја општина и ќе се понудат одреден број на остварливи решенија.