Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Млади од Прилеп учествуваа на работилници за електронско младинско учество.
Во периодот на месец април – мај 2022, беа реализирани активности за врсничка едукација за младинско учество, начини за младинско учество и користење на дигитални алатки за младинско учество. Врсничката едукација е последователна активност од Обуката „Младинско учество и Е-учество” која се реализираше на почетокот од месец Април 2022 со 15 млади од Прилеп кои го формираа Клубот на млади лидери за поттикнување на младинско учество и активизам кај младите во Прилеп. Активностите за врсничка едукација беа реализирани со ученици од средните училишта во град Прилеп а истите беа предводени од младите лидери. Како резултат од активностите за врсничка едукација, произлегоа младински иницијативи за подобрување на квалитетот на животот на младите во Општина Прилеп кои понатаму преку алатка за дигитално учество ќе бидат објавени и споделувани на социјалните мрежи а младите ќе имаат можност да ги гласаат и коментираат.
Обуката „Младинско учество и Е-учество” е дел од проектот “E-PARTICIPATION - E(mpowered) YOUTH” [EPEY] - “Е-учество-Силни млади”, кој се спроведува во периодот 31 декември 2021 – 30 декември 2022 година. Проектот „Е-учество – Силни млади” (реф.бр. 2021-1-MK01-KA154-YOU-000008073) е поддржан од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија преку програмата Еразмус+.