Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Бидете и Вие дел од регионалните младински консултации за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики! Вашето мислење е важно, а Вашето учество во дизајнирањето на законската регулатива е од суштинско значење за да се креираат јасни, прецизни и остварливи законски решенија.
Коалиција на младински организации СЕГА организира широк консултативен процес за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики. Процесот предвидува 8 регионални форуми, по еден во секој плански регион, и една Национална консултативна средба преку кои ќе се драфтираат предлог измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики.
Коалиција СЕГА ги организира младинските консултации во партнерство со Националниот Младински Совет на Македонија и Сојузот за младинска работа.
КАЛЕНДАР НА ПРВИТЕ ТРИ РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ:
Проектот ги повикува младинските организации, организациите за млади, младинските чадор организации и службениците за млади од овие региони да се пријават за учество со пополнување на следнава ПРИЈАВА.
За дополнителни информации слободно контактирајте со Моника И. Кантарџиоска – Програмски раководител на СЕГА, на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..
Консултативниот процес е дел од проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојаната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики.