Моето практикантско искуство -  Изјава на Барбара Тренкоска, практикант во „Био Космос Прилеп“

Моето практикантско искуство - Изјава на Барбара Тренкоска, практикант во „Био Космос Прилеп“

„Овој месец се стекнав со исклучително практикантско работно искуство во продавницата за здрава храна „Био Космос“ во Прилеп.

Научив многу за производите за здрава исхрана кои се нудат и за што се корисни истите. Ги подобрив моите комуникациски и организациски вештини и научив повеќе за тековната работа во продавницата. Обуката за кариерно советување и насочување ја препорачувам на секое младо лице да се вклучи и да ги зајакне своите знаења и вештини во процесот на барање работа. После ова искуство се чувствувам посигурна во себе, моето CV е побогато со практикантско работно искуство и се надевам дека за брзо ќе си најдам работа. Им благодарам на обучувачите и менторот од Коалиција СЕГА кои несебично ми даваа поддршка во целиот процес на обуката и практиканската работа.“

Преку проектот на тројца избрани учесници од обуката им се овозможи практикантска работа во три приватни компании од Прилеп во времетраење од еден месец со цел стекнување на практично искуство.

Барбара Тренкоска беше учесник на Обука за кариерно советување и насочување, која Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведе во рамките на проектот „Преку вработливост до социјална инклузија на младите луѓе“ поддржан од Агенција за млади и спорт.


Print   Email