ПОВИК за учесници во Програма за животни вештини и вработливост

ПОВИК за учесници во Програма за животни вештини и вработливост

Коалиција на младински организации СЕГА , во рамки на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности во Прилеп” објавува

 

ПОВИК

За учесници во Програма за животни вештини и вработливост

Програмата за животни вештини и вработливост е наменета за млади невработени лица од општина Прилеп на возраст од 16 – 35 години и обезбедува комплетна поддршка пред вработување преку обуки, менторство и индивидуално советување, можност за практична работа за стекнување работно искуство и можност за бесплатна стручна доквалификација. По завршување на програмата, учесниците се стекнуваат со Сертификат кој ќе овозможи полесно вработување според интересите и компетенциите на учесниците.

Учеството во програмата е бесплатно и доброволно, a бројот на учесници е лимитиран.

Преку Програмата учесниците добиваат:

  • Обуки за основни вештини и вработливост
  • Откривање на своите интереси и потенцијали за вработување
  • Советување за вработување и психосоцијална поддршка
  • Бесплатни стручни обуки и можности за доквалификација
  • Овозможување на пракса
  • Помош при вработување преку спојување со работодавачите

 

Заинтересираните кандидати може да се пријават со пополнување на пријавата на следниот линк. Доколку имате прашања може да не контактирате на е-маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или телефонскиот број +38948429390. 


Print   Email