Работилница за „Дигитални алатки“

Работилница за „Дигитални алатки“

Коалиција на младински организации СЕГА со своите локални волонтери денес одржаа работилница на тема „Дигитални алатки” во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп.

Преку работилницата младите учесници ги надградуваа своите дигитални вештини, се запознаа со терминот активен граѓанин и беа информирани како може да придонесат во заедницата како активни граѓани користејќи ги своите дигитални вештини.

Работилницата беше организирана во рамки на солидарниот проект „Одржлива средина и ефективен развој за младите” кој е финансиски поддржан од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, преку Европски Солидарен Корпус.


Print   Email