Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД И УСЛОВИ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ И ЛИЧЕН РАЗВОЈ!
Трендот на масовно иселување на младите надвор од државата продолжува и расте. Иселувањето не е само поради недостатокот од можности за достоинствено вработување, туку е и поради недоволниот квалитет на образование, нискиот квалитет на здравствените услуги и загадениот воздух, растот на насилното и радикално однесување како и поради социо-политичкиот контекст во кој живееме. Затоа, сите ние треба да придонесеме младите да гледаат перспектива за подобра иднина во нашето општество!
✅ Институциите мора да стават посилен акцент на поддршка на младите за младите да гледаат иднина во оваа држава и да не помислуваат на иселување!
✅ Нашето општество мора да нуди квалитетно образование, каде учениците и студентите се центар на образованието!
✅ Секоја сегашна и идна јавна политика мора да ги рефлектира реалните потреби на младите и институциите да преземаат суштински а не декларативни мерки за подобрување на нивната благосостојба!
✅ Младите мора да учествуваат во процесите кога се донесуваат одлуки кои се за нив важни за да имаат чувство на одговорност и припадност и да станат активни граѓани во заедницата!
✅ Транспарентноста и отчетноста на институциите мора да се подобри за да се врати довербата на младите во истите!
Коалиција на младински организации СЕГА, на сите млади им го честита Меѓународниот ден на младите!!!
#HappyInternationalYouthDay
#TransformingEducation
#ВолонтирајИнспирирај
#15годиниСЕГА