Коалиција СЕГА е дел од работната група за креирање Закон за младинско учество и младински политики

Коалиција СЕГА е дел од работната група за креирање Закон за младинско учество и младински политики

Процесот на подготовка на предлог  Закон за младинско учество и младински политики , како иницијатива на Клубот за младински прашања и политики, започна од март 2018 година, со одржување на јавна расправа во Собрание на РСМ и креирањето на работната група.

Од самиот почеток, предлог текстот се креирашезаеднички од страна на пратениците, институциите и младинските организации, за креирање на закон  кој ќе ги третира нерегулираните аспекти кои се од значење за подигнување на квалитетот на живот на младите, младинското учество и организирањето на локално и национално ниво, младинските политики и други аспекти од животот на младите.

Во текот на целиот процес, работната група одржа голем број на состаноци, на кои се дискутираше за содржината и опфатот на предлог законот и се даваа предлог модели и решенија за одредбите кои се дефинирани во истиот.

Работна група за придонес во процесот при креирање на Закон за млади / Закон за млдинско учество и младински политики, се формираше на 26-ти март 2018 година и има за цел да ги разгледа можностите и да даде свој придонес при креирањето на законско решение кое ќе одговара на потребите и правата на младите луѓе.

Членовите на работната група имаат обврска да изготват предлог модел кој ќе обезбеди инклузивност, демократичност и вклучување на сите засегнати актери, притоа разгледувајќи ги постоечките документи и процеси за младите во земјата.

Работната група е составена од три подгрупи и тоа: 

  1. Владина работна група
  2. Работна група на пратеници од Клубот за младински прашања и политики при Собранието на РCМ
  3. Младинска работна група составена од претставници на младински невладини организации и претставници на политички подмладоци 

Сите одржани средби на работната група, како и текот на целокупниот процес, се поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Мисијата како партнер во овој процес има голема улога во непречено одвивање на активностите кои произлегуваат од овој процес и нивно успешно финализирање.

По серијата средби на работната група, трите групи креираа предлог текст на Законот за младинско учество и младински политики, кој обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап. Во овој момент се одржуваат консултативни средби со млади на локално ниво, со цел придонес на младите со нивни коментари забелешки и предлози за подобрување на содржината на предлог Законот за младинско учество и младински политики. 

Во изминатиот период се одржаа консултативни средби со млади во Скопје, Струмица, Штип и Кавадарци, а наредните консултативни средби ке се одржат на 10.06.2019 во Струга, 11.06.2019 во Куманово, 12.06.2019 во Тетово и 13.06.2019 во Битола.

Сите информации во врска со процесот на креирање на овој Закон, текот на консултативните средби за Законот и самиот предлог текст на Законот, може да ги добиете на веб страната www.zakonzamladi.ams.gov.mk

 


Print   Email