Коалиција СЕГА го спроведува проектот „Јакнење на транспарентноста и отчетноста на Коалиција на младински организации СЕГА“

Коалиција СЕГА го спроведува проектот „Јакнење на транспарентноста и отчетноста на Коалиција на младински организации СЕГА“

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот

„Јакнење на транспарентноста и отчетноста на Коалиција на младински организации СЕГА“.

Проектот ќе се спроведува во периодот од 01.03.2020 – 30.11.2020 година.

Општа цел на проектот: Овозможувачка околина која негува независно, транспарентно, отчетно и одржливо граѓанско општество, со влијателна улога во процесите на креирање политики.

Специфична цел на проектот: Транспарентноста и отчетноста на Коалиција СЕГА кон своите членки и кон јавноста е подобрена.

Преку овој проект СЕГА ќе се стреми кон:

- Јакнење на сопствените капацитети за поголема транспарентност и отчетност кон своите организации членки како и и кон целната група млади на возраст од 15 – 29 години.

- Подобрување на комуникациските практики кои ќе бидат усогласени со актуелните трендови за ефикасно пренесување на клучните информации кои се важни за информирање и ангажирање на младите и младинските организации.

- Подобрување на чувството на сопственост од страна на организациите членки кои ќе добијат поголема улога во процесите на креирање на програми, политики но и донесување на одлуки на сите нивоа.

- Ажурирање на политиките на СЕГА за подобро внатрешно управување но и донесување на нови политики и процедури кои ќе обезбедат адаптирање на современи практики и усогласеност со позитивната законска регулатива.

 

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Јакнење на транспарентноста и отчетноста на Коалиција на младински организации СЕГА“, со поддршка на програмата за мали грантови „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање за граѓански организации“ од проектот „Саморегулација на граѓански организации “ 19 11 ДФГ 301 кој го спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС) со поддршка на ЕУ.


Print   Email