Започна Националната работилница за креирање на позициски документ со препораки за Превенција на насилен екстремизам меѓу младите

Започна Националната работилница за креирање на позициски документ со препораки за Превенција на насилен екстремизам меѓу младите

Тимот на Коалиција на младински организации СЕГА денес започна со спроведување на Националната работилница за креирање на позициски документ со препораки за превенција на насилен екстремизам меѓу младите.

Настанот се одржува во периодот од 13-16 јуни 2019 година, во Хотел Бисер, Струга. На работилницата  учествуваат млади и донесувачи на одлуки од релевантни институции во Р. С. Македонија.

Националната работилница е дел од рамките на проектот „Младинска работа во превенција од насилен екстремизам“ кој го имплементира Коалиција на младински огранизации СЕГА, со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус +, Клучна акција 3 – Структурен дијалог.


Print   Email