Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Во периодот од 13 до 16 јуни во Хотел Бисер Струга се одржа Национална работилница за креирање на позицски документ со препораки за превенција на насилен екстремизам.
На оваа работилница учество зедоа 40 учесници, од кои 30 млади, а останатите беа претставници на граѓански организации и донесувачи на одлуки во оваа област.
Првиот ден од работилницата младите се запознаа меѓу себе , беа воведени во темата што претставува насилен екстремизам, какви форми на насилен екстремизам постојат. На официјалното отворање на Работилницата им се обрати Зоран Илиески Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА со Презентирање на проектот и целите од проектот „Младинска работа во превенција на насилен екстремизам“
Вториот ден започна со две панел диксусии, од кои на правата панел дискусија дискусија темата беше „Улогата на граѓанското општество во превенција и спречување со насилен екстремизам, искуства и практики“ каде учество зедоа Алберт Хани (РИКО), Рудина Пашоли (SFCG) , Сефер Селими (Democracy Lab) и Моника И. Кантарџиска (Коалиција на младински организации СЕГА). На втората панел дискусија темата беше „Улогата на институциите во превенција и спречување со насилен екстремизам, искуства и практики“, каде учество зедоа Џеладин Ајвази- Заменик национален координатор за превенција на насилен екстремизам , Јована Перовска ( The Hauge Center for Strategic Studies), Oливер Бачановиќ професор на Факултетот за безедност во Скопје и Бесим Догани претставник од Општина Гостивар.
На третиот ден од работилницата се одржаа работа во групи на Заеднички работилници на млади и донесувачи на одлуки , каде после тоа се одржа Презентирање и преглед на резултатите на работните групи - RESULTS JOURNEY.
Последната ден од овој настан се одржа заедничка активност на тема : „Граѓанска одговорност- Што после овој настан?“ и Финална евалуација на работилницата.
Повеќе слики од националната работилница на следниот линк.