ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за вработување на 2 младински работници и Раководител на Младински Центар Охрид.

Наскоро во Охрид се отвора првиот Младински Центар, кој ќе функционира согласно Законот за младинско учество и младински политики и Правилникот за стандардите за квалитет на младинските центри (донесен од Агенцијата за млади и спорт).

Коалиција на младински организации СЕГА ќе раководи со Младинскиот Центар – Охрид во период од 3 години, согласно Одлуката на Советот на Општина Охрид.

Младинскиот Центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес на младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.

За потребите на Младинскиот Центар – Охрид, СЕГА има потреба од ангажирање на:

  • Раководител на Младински Центар – 1 извршител
  • Младински работници – 2 извршители

За да станете дел од тимот на Младинскиот Центар - Охрид кликнете на овој ЛИНК и пополнете ја пријавата и прикачете ја вашата професионална биографија CV!

Доколку имате технички проблеми при пополнување на пријавата контактирајте не на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Ви благодариме на интересот!

Апликација за персонал во Младински Центар Охрид 


Print   Email