Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на 12 претставници од граѓански и младински организации и професори од средните училишта од Скопски регион на обука на тема „Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“.
Обуката има за цел да ги зајакне капaцитетите на граѓански и младински организации и средните училишта за примена на методологија која се користи во европските земји за поттикнување на дигиталното учество и активно граѓанство кај младите. Истата ќе се реализира во периодот од 07-09 октомври во хотел Амбасадор во Скопје.
Заинтересираните учесници може да се пријават со пополнување на пријавата на следниот линк: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/povik_za_ucesnici_digypack најдоцна до (понеделник) 3 октомври, 2022 година до 16.00 часот.
Напомена: Од учесниците на обуката се очекува спроведување на последователни локални активности со млади во насока на поттикнување на дигитално учество и активно граѓанство на младите, односно организирање работилници за Е-учество со млади и користење на алатката OPIN www.opin.me. Коалиција СЕГА ќе обезбеди менторска поддршка при спроведувањето на последователните активности на локално ниво.
*Проектот предвидува одреден паричен надоместок за спроведување на локалните активности со млади.
*Предност во процесот на селекција за учество на обуката ќе имаат претставници на:
- организации членки на Коалиција СЕГА од Скопски регион
Со учесниците на обуката ќе биде споделен прирачник за обука DigiPAC и дополнителни материјали кои се креирани во рамките на проектот Еразмус+ ACTIon финансиран од ЕУ за да помогне во промовирање на граѓанското образование, активно дигитално граѓанство и демократско учество на младите во формално и неформално образование.
Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте на емаил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.