Продолжен Јавен повик за организации за пријавување на Регионален теренски истражувач за Североисточен регион

Продолжен Јавен повик за организации за пријавување на Регионален теренски истражувач за Североисточен регион

Коалицијата на младински организации СЕГА за потребите од спроведување на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“, поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, го продолжува јавниот повик за организации за пријавување на Регионален теренски истражувач во Североисточен Регион за мапирање на потреби за интервенција на Законот за младинско учество и младински политики.

На повикот може да се аплицираат младински организации, организации за млади, младински чадор организации и други граѓански организации, со лице кое директно е поврзано со работата на организацијата - вработен, волонтер или долгорочен соработник, за регионален теренски истражувач за Североисточен плански регион.

За потребите од мапирање на потребите за интервенција за ефикасна примена на Законот за младинско учество и младински политики, Проектот ќе ангажира 1 регионален теренски истражувач во Североисточен плански регион, номиниран од младински организации, организации за млади, младински чадор организации и/или граѓански организации.

Регионалниот теренски истражувач ќе спроведува теренско прибирање на податоци и ќе биде одговорен за промоција на онлајн анкета, спроведување на регионална фокус групи и интервјуа со донесувачи на одлуки.

Во процесот на прибирање на податоци ќе се опфатат млади на возраст од 15 - 29 години, граѓански организации, службеници за млади и донесувачи на одлуки.

Пријавувањето на повикот е со пополнување на пријавата на следниов линк:

https://bit.ly/istrazuvaci

Во електронската форма за пријавување организациите ќе треба да прикачат и:

  1. Професионална биографија (СV) на лицето кое се пријавува за регионален теренски истражувач
  2. Писмо за номинација на лицето кое се пријавува за регионален теренски истражувач со потпис на законскиот застапник и печат од организацијата
  3. Писмо за интерес на лицето кое се пријавува за регионален теренски истражувач

Краен рок за доставување на апликациите е 19 август 2023 година, најдоцна до 16:00 часот.

Организациите кои ќе се пријават на овој повик ќе бидат поканети за поддршка на Кампањата за застапување за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики.

Преземете го целосниот повик овде:

Јавен повик за организации за пријавување на Регионални теренски истражувачи


Проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики. Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.


Print   Email