Jавен повик за млади лица

Коалиција СЕГА објавува јавен повик за млади лица кои сакаат да се стекнат со интеркултурно искуство и да ги зајакнат своите дигитални вештини!  

 

Интеркултурната младинска размена е во рамките на проектот Connextion's и планирани се следните активности со млади: 

  • Јануари 2024 - Дигитална (online) интерктурна размена со млади од Македонија, Франција, Белгија и Тунис 
  • Февруари (24 и 25) 2024 - Хибридна младинска размена во Охрид 
  • Март и април 2024 - последователни онлајн активности од размените 
 
Заинтересираните лица кои сакаат да земат учество треба да ја пополнат пријавата на следниов ЛИНК.
 
Краен рок за пријавување е 01.12.2023 година. 
 
*Во пријавата имате можност да се пријавите како: 
  • соработник (co-builder) каде што ќе бидете вклучени во помали тимови за креирање на публикации и онлајн кампања заедно со проектниот тим 
  • учесник каде што би учествувале само на погоре наведените активности. 
Трошоците за пат, сместување и храна за хибридната интеркултурна размена во Охрид ќе бидат целосно покриени од организаторот. 
 
Проектот Connections го спроведува E&D како водечка организација од Франција во партнерство со Eclosio од Белгија, Тунискиот младински форум од Тунис и Коалиција на младински организации СЕГА од Македонија. Проектот е поддржан од Европската Комисија во рамките на програмата Еразмус+, Клучна акција 2.
 
Ги очекуваме Вашите пријави!
 
Тимот на Connexion-s 

Print   Email