Повик за учество на Втор Младински Круг

Повик за учество на Втор Младински Круг

Биди и ти дел од консултациите за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики!

Гласот на младите е важен, а учеството на младите во дизајнирањето на законската регулатива е од суштинско значење за да се креираат јасни, прецизни и остварливи законски решенија.

Ако си на возраст од 15 - 29 години и сакаш да биде и твојот глас слушнат, ПРИЈАВИ СЕ!

Во рамки на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, Коалиција на младински организации СЕГА го организира Вториот Младински Круг. Младинскиот Круг се организира како дел од широкиот консултативен процес за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики, и предвидува младите да предлагаат решенија за подобрување на сите области кои ги регулира Законот.

Вториот Младински Круг ќе се одржи во хотел Континентал – Скопје на 04 април 2024 година.

Ве покануваме да се пријавите за учество на Вториот Младински круг со пополнување на ПРИЈАВАТА подолу.

Краен рок за пријавување е 31 март 2024 година.

За дополнителни информации слободно контактирајте со Моника И. Кантарџиоска – Програмски раководител на СЕГА, на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ВТОР МЛАДИНСКИ КРУГ

Патните трошоци за учесниците надвор од Скопје, работните материјали и освежување и храна ќе бидат покриени од организаторот. 

Проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојаната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики.


Print   Email