ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД

Коалиција на младински организации СЕГА објавува оглас за вработување на ентузијастичен и мотивиран Работник со млади. Ако сте подготвени да го поттикнувате активизмот на младите, ова е вашата шанса да се придружите на нашиот динамичен тим.

Одговорности:

  • Организирање и водење на активности и проекти за млади
  • Поддршка во развојот и имплементацијата на програми за млади
  • Комуникација, соработка и вмрежување со младински организации
  • Промовирање на можностите за учество и ангажирање на младите во заедницата

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование
  • *Предност ќе имаат кандидати со завршено високо образование од областа на социјална работа и социјална политика, педагогија и психологија
  • Одлични познавање на македонски и англиски јазик
  • Одлични комуникациски способности

За предност ќе се смета и:

  • Искуство во работа со млади
  • Искуство во младински сектор
  • Искуство во промоција преку социјални мрежи
  • Познавање во уредување на веб страни

Потребни лични карактеристики:

  • Креативност
  • Одговорност
  • Способност за брзо учење
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за работа во динамична средина
  • Самоиницијативност
  • Интеркултурни вештини
  • Почитување на рокови
  • Способност за работа во тим и индивидуална работа
  • Отвореност за нови предизвици и знаења

Што нудуме:

  • Можност за континуиран развој
  • Работа со млади
  • Динамична и креативна средина
  • Континуирана поддршка при спроведување активности
  • Можности за интеркултурно искуство

Услови:

  • Работно време во 40 часа неделно
  • Работа на определено време со можност за продолжување на договорот

Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и да го поддржите активизмот и ангажманот на младите, испратете го вашето CV и мотивациско писмо на email: aplikacija@sega.org.mk  најдоцна до 21 мај 2024 година.

**Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 

Ви благодариме на интересот!


Print   Email