Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Процесот за пријавување за учество на Националната Работилница како завршен настан од Младинските Консултации за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики е отворен!
Бидете и Вие дел од младинските консултации за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики! Вашето мислење е важно, а Вашето учество во дизајнирањето на законската регулатива е од суштинско значење за да се креираат јасни, прецизни и остварливи законски решенија.
Со задоволство Ви ја најавуваме Националната работилница за дефинирање на препораки за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики која ќе се реализира во периодот 29 октомври - 01 ноември 2024 година во хотел Дрим во Струга.
Настанот го организира Коалиција на младински организации СЕГА во рамки на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан.
Националната работилница е завршна консултативна средба, дел од Младинските Консултации што Коалиција на младински организации СЕГА ги спроведува во партнерство со Националниот Младински Совет на Македонија и Сојузот за младинска работа.
Сите заинтересирани за настанот може да се пријават за учество со пополнување на следната ПРИЈАВА.
Краен рок за пријавување е 22 октомври 2024 година.
Патните трошоци за учесниците надвор од местото на одржување на работилницата, работните материјали, сместувањето и освежување и храна ќе бидат покриени од организаторот.
За дополнителни информации слободно контактирајте со Моника И. Кантарџиоска – Раководител на Програми во Коалиција СЕГА, на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..
********
Проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојаната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики. Националната работилница се реализира како дел од проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан „Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, имплементиран од Центар за промоција на граѓанското општество, Центар за истражување и креирање политики и ИДМ Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Надворешни линкови: ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО! МЛАДИНСКИ КОНСУЛТАЦИИ: НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА