Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
На 21 јуни 2019 година, во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје се одржа Конференција „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“. Оваа Конференција е во рамките на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници” кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Во рамките на проектот беше дизајнирана алатката Индекс за младински развој, со цел да приберат информации за положбата на младите во рамки на заедницата во која што живеат, како и да ги утврди предизвиците со кои што тие се соочуваат. Еден од клучните наоди од Извештајот на Индексот за младински развој за 2018 година беше недостатокот на волонтерски ангажман на младите од 15 – 29 години што укажува на потребата од подобрување на мерките за поттикнување на волонтерството во заедницата.
Свои излагања на конференцијата имаа претставници на Министерството за труд и социјална политика, Државниот Инспекторат за Труд, релевантни граѓански организации и неформални иницијативи.
По излагањата, следуваше работа во мали групи со цел да се дефинираат препораки за подобрување на мерките за промовирање и практикување волонтерска работа. На конференцијата беа поканети претставници од релевантни институции, граѓанскиот сектор, неформални иницијативи како и медиуми.
Главната цел на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници”, е да се зголеми влијанието на младинските организации кон граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, со што ќе се придонесе кон подобрување на статусот и добросостојбата на младите луѓе во државата. Целта ќе биде постигната преку примена на иновативни алатки за детектирање на младински потреби, со фокус на граѓанско учество, зајакнување на знаењата и вештините на младинските организации за адресирање на актуелните потреби на младите луѓе со што ќе се подобри разбирањето за младинското учество во локалната заедница. Проектот воведува Индекс за младински развој во Македонија, како нова и иновативна алатка за адресирање на потребите на младите на сите нивоа. Проектот се спроведува во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
Повеќе слики од овој настан на следниот линк.