Запознајте се со ИМКА Битола

Запознајте се со ИМКА Битола

ИМКА Битола е наша основна организација членка која веќе 9 години е дел од семејството на СЕГА. СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво. #ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

ИМКА Битола е непрофитна, невладина, нерелигиозна, инклузивна младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно да работи со нив во нашата средина. ИМКА во Северна Македонија е дел од семејството на ИМКА распространето во 119 земји ширум светот кое опфаќа повеќе од 58 милиони луѓе. Главна цел е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини. Сето ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите.

ИМКА  ги оспособува младите!

ИМКА работи  во полето на неформално образование за млади, нуди поддршка за младинско учество во процесите на донесување на одлуки, промовирање на младински активизам, волонтирање, здрави животни навики и градење на општество кои ги поттикнува позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе.

Во своето делување ИМКА има повеќе искуства во работа со локални и интернационални волонтери. Организира разни семинари и тренинзи на кои учествуваат странски волонтери, исто така испраќаат  локални волонтери на странски настани. Во последните неколку години ИМКА започна со организирање на кампови и испраќање на волонтери и на разни интернационални настани. Моментално организираат еден голем  локален камп кој се одржува во интернационална атмосфера, на англиски говорен јазик и со вклучување на голем број на локални волонтери.

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.

Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања  на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.


Print   Email