Запознајте се со Младински Совет Прилеп

Запознајте се со Младински Совет Прилеп

Младински Совет Прилеп е еден од основачите на Коалиција на младински организации СЕГА и е нејзин активен член 15 години.

Младински Совет Прилеп (МСП) е основан во 1999 година како младинска невладина организација во Прилеп, фокусирана на Пелагонискиот регион во Северна Македонија. МСП преку вклучување на младите луѓе се стреми да го изгради нивниот капацитет на одржлив начин.

СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.

#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

Младински Совет Прилеп постојано покажува квалитет со широк спектар на активности во областа на младинската работа.

Младински Совет Прилеп е одржлива водечка организација на локално и регионално ниво, сигурен партнер во креирањето и спроведувањето на младинската политика, заедно со сите клучни заинтересирани страни. Работата на МСП, како видлива и призната организација, се заснова на демократски вредности овозможувајќи им на младите да бидат креативни и активни граѓани.

Младински Совет Прилеп ги поддржува младите луѓе да учествуваат во демократските процеси, овозможувајќи им да прераснат во активни граѓани.

 

Во досегашното 20 годишно постоење, Младински Совет Прилеп има богато искуство во работа со волонтери. Денес МСП брои 60 локални волонтери, кои активно учествуваат во сите активности на организацијата. Дополнително МСП активно работи и со ЕВС програмата и моментално има 3 волонтери од Франција, Турција и Италија во рамките на проектот „Youth in Action 2.0“.

 

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.

Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.


Print   Email