Запознајте се со Сфера Интернешнал

Запознајте се со Сфера Интернешнал

СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ е организација членка која од 2018 година е дел од семејството на Коалиција СЕГА. СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.

#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

Здружение за одржлив развој СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ - Битола e Здружение на млади и сите останати граѓани на општина Битола заради остварување на дејности и активности со кои ќе се подобри информираноста на граѓаните за заштита на животната средина и здрав живот преку нивно директно учество во активностите.

Визијата на Здружение за одржлив развој СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ - Битола е чиста, еколошка животна средина во Република Северна Македонија и искористување на алтернативните извори за енергија.

Здружение за одржлив развој СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ - Битола преку неформално образование поттикнува практикување на здрав живот, грижа за животната средина, активно учество на младите во РСМ и волонтерство.

Порака која тие би сакале да ја пренесат: “БИДИ ПРОМЕНАТА КОЈА ШТО САКАШ ДА ЈА ВИДИШ“.

СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ – Битола е организација која имала активности и волонтерски искуства. Еве што мислат волонтерите кои соработувале со истата:

„Благодарение на СФЕРА имав одлична можност да стекнам знаења на различни теми, да ги споделам моите идеи и искуства со другите учесници, да запознаам нови луѓе и култури и да ја проширам мојата мрежа на луѓе заинтересирани за младински активизам.“ - Беса Зиба

 

„Прекрасно си поминав за време на проектот, запознав нови пријатели, со задоволство ги слушав нивните мислења, научив да бидам емпатична, солидарна, и да помагам секогаш и секому. Овој проект ме оформи како вистинска личност.“ - Џулијана Димоска

 

„Бев дел од младинска размена во Романија со наслов ,, од Научна фантастика до Реалност". Сакам да кажам дека овој проект е најдоброто животно искуство за мене. СФЕРА совршено организира се и се осигура дека сите сме среќни и задоволни. Луѓето што ги запознав за време на проектот ми станаа многу добри и блиски пријатели. Со задоволство би учествувала и на други проекти доколку имам можност. Сакам да ви се заблагодарам за оваа прекрасна можност и се надевам на многу нови можности во иднина.“ - Катерина Коркутоска

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.

Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.


Print   Email