Запознајте се со ИнноваЛаб од Битола

Запознајте се со ИнноваЛаб од Битола

Innova Lab Bitola е најмладата организација во семејството на Коалиција СЕГА, тие од оваа година се наша придружна членка. СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.
#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА



Центарот за образовни и развојни иницијативи ИНОВА ЛАБ Битола активно е вклучен во развојот и имплементацијата на проекти во локалната, националната и меѓународната сфера на неформално образование, која директно има за цел личен и професионален развој на младите. Насочена е кон зголемување на соработката со образовните институции и зголемување на иновативниот потенцијал на младите (вработени и невработени

ИНОВА ЛАБ Битола има 32 локални волонтери, кои учествуваат во активностите на организацијата. Организира работилници и обуки со кои ја потикнува креативноста, иновативноста и општествената одговорност на волонтерите и му овозможува да учествуваат на разни интернационални настани.

Дел од волонтерите на ИНОВА ЛАБ Битола упатуваат порака на младите:
“Започнав со волонтирање пред околу две години, тоа придонесе да стекнам нови знаења и вештини, различни искуства, постигнувам личен развој, корисно го искористувам слободното време и создавам нови пријателства. Искористете ги можностите да патувате, да се дружите, да истражувате нови култури и нов животен стил, додека пак во исто време и го зголемувате вашето знаење, стекнувате нови вештини и постигнувате личен развој.” - Емилија
„Прв пат се вклучив во ИНОВА ЛАБ пред една година. Благодарение на организацијата учествував во повеќе размени и обуки во Македонија и странство (Хрватска, Србија, Грција). На овие размени и обуки имав можност да запознам нови пријатели од различни земји, да стекнам нови искуства и вештини кои не би можел да ги добијам преку формалното образование. На сите млади им препорачувам да се вклучат во неформалното образование и да волонтираат бидејќи во денешно време и во ова општество ваквите активности придонесуваат и во остварување на многубројни младешки цели.“- Фили1
Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.
Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.

#InnovaLabBitola
#КоалицијаСЕГА


Print   Email