Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе е една од најмладите членки од семејството на Коалиција СЕГА.
Организацијата е форминрана формално на 13 јуни 2018 година и од почетокот на нејзиното постоење е наша придружна членка. СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.
#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА
Здружението за развој и унапредување на ромскатазаедница РОМАНО ЧАЧИПЕ од Скопје дејствува на територијана РМ, а се организира на подрачјето на општина Шуто Оризари. Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално ниво и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да членува во асоцијации во земјата и во странство согласно Уставот и Законот на РМ. Организацијата РОМАНО ЧАЧИПЕ во почетокот почна да работи како неформална група на територијата на Шуто Оризари која работеше на проектот Социјална отчетност и параправно зајакнување на ромската заедница, која започнала со имплементација од 2012 година. Проектот беше финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија и како техничка поддршка од Здружение за еманципација солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ). Таргетирани се ранлива група односно социо-економски семејства во 4 области во општина Шуто Оризари.Во овие области беа одржани 24 едукативни работилници на тема имунизација на школски и предшколски деца и редовни систематски прегледи на учениците. Спроведено е истражување на почетокот со анкетен прашалник, подоцна од 2017 година почнавме со влез во семејства со пополнување на електронски прашалник. Исто така имавме средби со давателите на услуги и трибини на кои учествувааа претставници од институциите,прес-конференции, телевизиски дуели односно собир на ромската заедница и давателите на услуги на контактни емисии каде беа истакнати проблемите на ромската заедница.
Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.
Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.