Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Интерактив Битола е исто така една од најмладите членки на Коалиција СЕГА, од минатата година е наша придружна членка. #ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА
Здружението за меѓународна младинска соработка "ИНТЕРАКТИВ" од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина, но и соработка со младите на меѓународно ниво. СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.
Здружението е основано во јули 2017 година во Битола, Р. С. Македонија. Целта на здружението е да се развијат активности и можности за младите луѓе од областа на неформалното образование, да се промовираат здрави животни навики, култура и уметност, како и граѓанското општество кое ги поттикнува позитивните вредности кај младите луѓе. Работата на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и вмрежување. ИНТЕРАКТИВ е посветен на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници во кои граѓаните активно придонесуваат за социјален развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетен ангажман на граѓанското општество, промовирање можности за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.
Неформалното образование е особено важно за развојот на младите луѓе, а младите луѓе се оние кои го претставуваат најдобриот скенер за откривање на вистинските проблеми што постојат во општеството. Со некои насоки тие можат да го откријат коренот на проблемот и да изградат свој начин да најдат трајно решение за да се ослободат од проблемот. ИНТЕРАКТИВ како организација е мотивирана да работи со млади луѓе. Тимот на ИНТЕРАКТИВ се состои од искусни младински работници и млади волонтери кои се одлични ентузијасти, креативни, мотивирани, активни, иницијативни млади луѓе. Нашиот тим на млади обезбедува можности за ангажирање, промоција на неформалното образование, мултикултурализам, потреба за самовклучување и активно граѓанство, како и зајакнување на капацитетите на младите во локалната средина.
Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.
Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.