Запознајте се со Рома - Прогрес

Запознајте се со Рома - Прогрес

Здружението за заштита  и едукација на деца и млади Ромa – Прогрес две години е дел од семејството на Коалиција СЕГА, и е наша придружна членка.  #ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА

Здружението е формирано со цел остварување и заштита на основните човекови права кои се реализираат во неколку општествени сфери: економски, социјални, образовни, здравствени, културни, спортски, хуманитарни и т.н.  Здружението Прогрес  е официјално регистрирано на  01.12.2000 година. Нашата организација тежнее кон создавање  на поширок општествен интерес, истовремено задоволувајки ги потребите од стручна или било каква друга помош од областа на правата и слободите утврдени во Уставот на Република Македонија и со законите и меѓународните договори ратификувани од страна на нашата држава.

Здружението успешно постои и функционира на територијата на Македонија веќе 16 години, и има остварено една доста богата соработка со: Град Скопје, Владата на Република Македонија, Министерство за култура, Швајцарска Амбасада, USAID, EACEA, FARE, INSOC, Open Society foundation,  МЦМС и т.н.

Проектите воглавно се реализираат преку семинари, предавања, работилници од различен вид, принтање брошури и флаери, и во зависност од потребата и целите на проектот, обезбедуваме и медиумска покриеност како начин за известување или рекламирање на некој однапред планиран евент. Нашата организација има преку 60 волонтери, и 4 вработени кои се грижат за организација, насочување, мониторинг и реализирање на проектите на кои се работи, со цел исполнување на главните цели, однапред зацртани во програмата на организацијата со која соработува нашето здружение.

Недоволниот степен на образование, неподносливите услови за живот, сиромаштијата и незаинтересираноста на оваа маргинализирана група на луѓе Роми, за подобрување на основните егзистенцијални потреби, трасира една девалвирачка насока за подлабоко вкоренување на корупцијата како начин за манипулација и непотребно жртвување. Незнаењето на своите основни човекови права, ги прави Ромите ранлива категорија на луѓе на која очајно и треба зголемување  на нивото на едукација и на свеста дека секој човек има исти права, и дека постојат институции кои имаат за цел бранење и спроведување на човековите права конституирани во Европската  конвенција за човекови права.

Здружението Прогрес постои со однапред зацртана цел и мисисија кон која се стреми- Едукација на Ромската популација, издигнување на нивната свест за човековите права и моќта на образованието, зголемување и зацврстување на нивните капацитети со цел поголема конкуретност на пазарот на трудот, афирмација и залагање за жената Ромка и остварување на нејзините права.

Иако сликата за Ромската популација е постојано девеалвирачка, сепак тимот на Здружението Прогрес не престанува да работи за нивна еманципација и нивен напредок во општеството

 

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.
Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.

 


Print   Email