Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Здружение за културна соработка Интеркултура е една од основачите на Коалицијата СЕГА и активно работи во управувањето и имплементирањето на активностите на СЕГА од самот почеток и продолжува понатаму.
СЕГА не би била тоа што е денес, без активниот придонес на нашите организации членки и нивната грижа за младите на локално, регионално и национално ниво.
#ВолонтирајИнспирирај #15годиниСЕГА
Идејата за основање кон крајот на 1997 година на една организација која ќе работи на полето на промоцијата на Македонската култура и културата на другите националности што живеат во Македонија беше поттикната од се поголемото раздвојување на етничките заедници во Македонија и непознавањето на културата на другата етничка заедница а со тоа и нејзино не ценење. Основачи на Интеркултура беа 20-тина млади луѓе од различна национална припадност од Македонија (Македонци, Албанци, Турци и Хрвати). Членовите на организацијата се од повеќето градови низ Македонија.
Покрај промоцијата на културата, една од главните идеи беше и промоција на еколошки вредности како и подигнување на личните и професионални вештини на младите. Уште во тој период бевме свесни за промените на пазарот на трудот што се случуваа во Македонија и започнавме со реализација на проекти насочени кон подготовка на младите за пазарот на труд.
Во изминатите 22 години имаме реализирано преку 50 проекти на локално, државно и меѓународно ниво. Сме соработувале и сме биле поддржани од најразлични Институции и донатори од Македонија, Советот на Европа, Светска Банка, Амбасади.
Од проектите кои мислиме дека се значајни и кои оставија белег во Македонија би ги издвоиле сериалот на неколку годишна реализација на проектот Културна толеранција на кој голем број на млади од Македонска, Албанска и Ромска етничка припадност имаа шанса да се запознаат помеѓу себе, да бидат дел од работилници и на крај на Семинар заедно да се дружат, запознаваат и остваруваат контакти кои понатаму ќе ги направат лидери во нивните заедници и личности за кои културата на друга етничка заедница нема да биде нешто непознато.
Исто така би го издвоиле работењето со децата и младите од Домот за деца 11 Октомври и СОС Детското село. Покрај реализираните работилници и тренинзи имаме организирано и неколку хуманитарни настани на кои средствата се донираа на истите.
Од меѓународните проекти би го издвоиле неколкуте поврзани помеѓу себе проекти: ֦Меѓурелигиозната толеранција-иднина на Југоисточна Европаˮ, потоа ֦Интеркултурализам & мултикултурализамˮ и ֦Запознај ме пред да ми судишˮ.
Во имплементацијата на овие активности секогаш вклучуваме волонтери од нашата организација и истите редовно имаат водечка улога во имплементирањто на активностите како лидери на групи или фасилитатори на еколошките работилници.
Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден.
Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе! “ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.
#ВолонтирајИнспирирај
#15годиниСЕГА