Коалиција на младински организации СЕГА започна со обуката „Further step to youth work”.
Цел на оваа обука е запознавање со работата и методите на младинските работници. За време на оваа обука сертифицирани обучувачи од стратешките партнери на СЕГА Maison Pour Tous Leo Lagrange од Нормандија ќе ги пренесат искуствата од младинска работа кои се применуваат во Франција, а учесниците ќе се стекнат со знаењата и вештините за работа со млади како дел од нивната секојдневна работа.
Oбуката се одржува во Струга во периодот од 21 – 24 март 2023 а истата ја спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во рамки на соработката Македонија - Нормандија, Франција, со поддршка на градот Ифс и Општина Гази Баба.
Фотогалеријата од обуката може да ја погледнете тука.
Прва национална платформа на младински организации во Македонија, со повеќе од 20 години искуство во лобирање за потребните законски измени во младинското учество, информираност, вработување и активизам.