Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Во периодот од 23 до 25 мај 2023 година, Иво Ристески како претставик на Младински Центар Охрид и на Коалиција на младински организации СЕГА заедно со претставник од Младински Центар Куманово и службениците за млади од општините Велес и Пробиштип учествуваше на 5-от Европски настан на „Европа оди Локално“ заедно со повеќе од 170 учесници од 27 земји, кој се одржа во Стохолм, Шведска. Настанот беше поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
„Со учеството на овој настан бев инспириран од нови идеи, добро структуриран микс од активности, вклучувајќи панел сесии, презентации, работилници и интерактивни сесии. Исто така имав продуктивна размена на идеи, но и шанса да ги споделам нашите искуства и да се вклучам во дискусии со другите учесници за последните случувања во областа на младинската работа.“
Иво Ристески – Младински работник во МЦО
Целта покрај размена на добри практики и искуства беше и:
Важно е да се напомене дека Националната агенција стана рамноправен партнер во EuropeGoesLocal- европската иницијатива која ги обединува партнерите кои се вклучени во застапувањето, развојот, поддршката и спроведувањето на младинската работа.