Коалиција СЕГА учествува на Регионалната тркалезна маса „Премостување за ефективни системи за откривање средства“

Извршниот директор на Коалиција СЕГА, Зоран Илиески учествува на Регионалната тркалезна маса „Премостување за ефективни системи за откривање средства“ во организација на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI). Настанот се одржува денес, на 20 декември 2023 година во хотел DoubleTree by Hilton Скопје.

На овој регионален настан, СЕГА придонесува со споделување на искуства на темата и претходни соработки со SEE-TAC, преку динамична атмосфера за размена на знаења, поттикнување на соработката и промовирање на добри практики.

Регионалната тркалезна маса има за цел да ја промовира соработката и споделувањето искуства меѓу учесниците од Југоисточна Европа, поттикнувајќи ја регионалната соработка на полето на системите за откривање средства.

Преку справување со регионалните предизвици, настанот значително придонесува за подобрување на ефективноста на системите за откривање средства во Југоисточна Европа (ЈИЕ), а со тоа ќе промовира транспарентност, интегритет и добро владеење во регионот.

Регионалната тркалезна маса е коорганизирана со Државната комисија за спречување на корупцијата на Северна Македонија. Настанот е организиран под покровителство на регионалниот проект „Југоисточна Европа - Заедно против корупцијата (SEE-TAC)“, имплементиран од Секретаријатот на РАИ во партнерство со УНОДЦ и финансиран од Австриската развојна соработка (ADC).


Print   Email