Тркалезна маса „Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики"

21 август 2024, Коалиција на младински организации СЕГА реализираше Тркалезна маса „Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики" со клучните чинители за младинските политики и имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во Р.С. Македонија.

На Тркалезната маса, СЕГА ги презентираше наодите од  Анализата од Влијанието на Законот за младинско учество и младински политики и беа дискутирани  сите предизвици при примена на Законот по повеќе од 4 години од неговото усвојување. На овој настан најголем дел од учесниците беа млади пратеници при Собранието.

Денес, добивме силна поддршка и разбирање за потребите од измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики кои повеќе од 1 година ги застапуваме со други организации низ процес на консултации со сите засегнати страни.

Тркалезната маса имаше за цел да обезбеди завршни наоди и заклучоци кои упатуваат на неопходноста од измени и дополнувања на ЗМУМП со цел подобра негова имплементација.

Тркалезната маса се реализираше во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија, а спроведен од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Асоцијација Женски Форум Тетово. 

ФОТОГРАФИИТЕ ОД НАСТАНОТ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА


Print   Email