Прирачник за Врсничка едукација – За информиран избор за средно училиште- Патеки кон стручно и дуално образование

Прирачник за Врсничка едукација – За информиран избор за средно училиште- Патеки кон стручно и дуално образование

Коалицијата на младински организации СЕГА, со поддршка на проектот „Образование за вработување“ и Министерството за образование и наука, го разви овој прирачник како практична алатка за врснички едукатори и ментори.
 
Целта е да им помогне на учениците од основните училишта да донесат информирана одлука за своето понатамошно образование, преку јасно претставување на можностите што ги нудат стручното и дуалното образование.
 
Прирачникот нуди:
  • Насоки за подготовка и реализација на работилници;
  • Интерактивен пристап со акцент на дијалог и доверба;
  • Техники за раскажување приказни и работа со млади;
  • Практични информации за стручното и дуалното образование;
  • Поттикнување критичко размислување и развој на комуникациски и лидерски вештини.
Прирачникот нагласува интерактивен и младински пристап, со акцент на практична работа, критичко размислување и развој на социјални и лидерски вештини. Тој е замислен како алатка што им овозможува на врсничките едукатори да реализираат квалитетни и инспиративни сесии, со цел да придонесат кон подобра информираност и позитивна перцепција за стручното и дуалното образование кај младите
 
Со ваков пристап, младите добиваат можност да се запознаат со реалната работна средина, да развијат применливи вештини и да донесат свесна одлука за својата иднина.
 

Print   Email